Top Sport

Конечната одлука за Валиева во понеделник

Судот за арбитража во спортот (ЦАС) потврди дека во понеделник ќе одлучи дали руската лизгачка сензација Камила Валиева ќе може да продолжи со настапите на Олимпијадата во Пекинг по позитивниот допинг-тест во декември.

Интерационалниот олимписки комитет (ИОЦ) првично го одложи доделувањето на медалите во тимското натпреварување поради „легални причини“, по што Интернационалната агенција за тестирање (ИТА) откри дека Валиева била позитивна на триметазидин, средство за срцеви болести кое е на листата на Светската анти-допинг агенција (ВАДА). Покрај ова, Руската анти-допинг агенција отвори истрага околу тренерите и придружниците на Валиева бидејќи таа е малолетна.

Валиева беше условно супендирана по поитивниот тест, но на 9 февруари таа одлука беше обжалена и таа можеше да се натпреварува во Пекинг. Сега, ИОЦ ја обжалува таа одлука пред Судот за арбитража во спортот. Натпреварувањето кај жените во Пекинг започнува на 15 февруари.

Scroll to Top