Top Sport

Конечно, светска титула за Алексис Пинтуро (видео)

Алексис Пинтуро го освои својот прв голем индивидуален трофеј, откако го освои златото во алпска комбинација на Светското првенство во Оре, Шведска.

Французинот имаше второ најдобро возење во слаломот за да скокне од 24. место по спустот и да победи со 0.24 секуни предност пред Словенецот Штефан Хадалин, додека бронзата отиде кај Австриецот Марко Шварц со 0.46 секунди послабо време.

Досега, Французинот, иако нижеше победи на Светскиот куп имаше само три медали на големите натпреварувања – сребро во комбинација на Олимпијадата во Пјонгчанг минатата година, бронза на СП во Бивер Крик во 2015 и злато во тимското натпреварување во Сент Мориц во 2017 година.

Фото: ЕПА



Scroll to Top