Top Sport

„Конор е смешен борец и г…о од човек“

Џастин Гатје жестоко реагирал на пораката што ја испратил Конор Мекгрегор до челниците на УФЦ со која бара да му обезбедат реванш против Хабиб Нурмагомедов.

Дагестанецот пред неколку дена ја одбрани титулата во лесна категорија со победата над Дастин Поаире. Нурмагомедов и по оваа борба остана непоразен во УФЦ и сега светот очекува да се случи уште една борба помеѓу него и Мекгрегор.

Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, порачал дека до оваа борба може да дојде само доколку од борба со Нурмагомедов се откаже Тони Фергусон.

„Сакам да ми договорите реванш против Хабиб во Москва“, порачал Ирецот.

На оваа порака жестокот реагирал Џастин Гатје, тој Ирецот го нарекол „ужасен човек“ и „г…о“.

„Ти си смешен, веќе загуби се што имаше“, му порачал Гатје на Мекгрегор, а потоа го анализирал и карактерот на Ирецот.

„Покрај тоа ти се г…о од човек, лош татко и сопруг“, напишал Гатје кој наредниот викенд ќе се бори против Доналд Сероне.

Scroll to Top