Top Sport

Конор го помина „тестот со шишето“, го предизвика Мејведер (видео)

УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор реши да се вклучи во „bottle cap challenge“ (тест со капаче на шишето), објавувајќи видео на Твитер, пред да го предизвика човекот кој го победи во боксерскиот меч во 2017, Флојд Мејведер Јуниор.

Овој Интернет-феномен, во кој славните се сликаат како го одвртуваат капачето на шишето со нога беше зазпочнат од УФЦ шампионот во перо-категорија, Макс Холовеј, но стана популарен на Интернет преку актерската ѕвезда Џејсон Статам.

„Одлична работа, Џејсон Статам, но јас ќе преземам сега. Го номинирам Флојд Мејведер Јуниор“, напиша Мекгрегор.

Scroll to Top