Top Sport

Јунајтед уште еднаш ги одбија Интер за Лукаку

Италијанските медиуми тврдат дека Интер повторно доби „корпа“ од Манчестер јунајтед за Ромелу Лукаку, откако понудата за позајмица од 20 милиони евра за две сезони и опција за купување за 50 милиони евра била отфрлена од „Олд Трафорд“.

„Нераѕурите“ веќе цел месец се обидуваат да го донесат белгискиот репрезентативец, кој пак самиот изјави дека би сакал да работи со Антонио Конте, новиот тренер на клубот.

Првиот обид на Интер со 10 милиони евра за двегодишна позајмица беше одбиен, а Јунајтед неформално ги отфрлиле и понудите да се вклучи и друг фудбалер во трансферот, со Мауро Икарди како прва опција, велејќи дека сакаат пари за трансфер.

Според „Тутомеркато“, Интер се обидел со нова понуда да го убеди потпретседателот на Јунајтед, Ед Вудвард. Интер нема 70 милиони евра за овој трансфер и сега ќе чека Јунајтед да дадат нова контра-понуда.

Scroll to Top