Top Sport

Конор: Хабиб само зборува како мала кучка

Иако поминаа три години од нивната пресметка во УФЦ кафезот, Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов не можат да престанат да се навредуваат преку социјалните мрежи.

Овојпат, ирската ѕвезда Мекгрегор се навреди од последното интервју на Дагестаецот, во кој тој ги спомена Жозе Алдо и Мекгрегор, велејќи дека само „зборува како мала кучка“. Хабиб не беше многу импресиониран од победата на Алдо над Педро Муњоз на УФЦ 265 овој месец, велејќи дека фајтерите како Алдо и Мекгрегор изгледаат како „исплашени кокошки“ против посилни противници.

Покрај тоа, Хабиб изјави дека не е многу воодушевен од победата на Мекгрегор над Доналд Серон во 2020, а Ирецот го потсети дека тој се повлекол од три меча против Американецот.

„Овој човек уште зборува? Нова прес-конференција? Ти се пос.а од Серон цела кариера, трипати се повлече. Твојот татко, Господ да му даде мир на душата, не можеше да верува како го победив Серон. Ти избега. Престани. Ти избега и сега зборуваш како мала кучка. Алдо е 100 пати поголем фајтер од тебе“, се вели во низата избришани твитови од Мекгрегор.

Scroll to Top