Top Sport

Зверев лут на Циципас – оди во тоалет и ги зема телефонот!

Александер Зверев и Стефанос Циципас, дефинитивно не се најдобри пријатели на АТП турнејата, нешто што стана уште појасно во полуфиналниот дуел на Мастерсот во Синсинати, каде што германскиот тенисер стигна до драматична 6:4/3:6/7:6(4) победа за финале против Русинот Андреј Рубљов.

Овојпат проблемот беше во тоа што грчкиот тенисер побара пауза за тоалет, па си ги зема и своите работи, вклучувајќи го и телефонот, и Германецот смета дека го прави тоа за да добива совети од својот татко, нешто што не е дозволено на АТП турнејата (за разлика од женската ВТА турнеја која дозволи тренирање сред меч).

„Тој ги зема сите работи и го повикува татко му на телефон од тоалет. Тоа се случи и во Париз и на сите турнири на кои игра“, беше бесен Зверев.

Судијата го уверуваше дека ќе има некој покрај Циципас за да го провери тоа, а грчкиот тенисер по мечот изјави дека ќе продолжи да го прави истото.

„Отидов да сменам маица. Не би било убаво да менувам шорцеви пред публика, нели? Нема да сменам ништо, бидејќи не правам ништо погрешно“, вели Циципас.

Scroll to Top