Top Sport

Конор како ѕвезда во Рим, го крштеваше синот во Ватикан

Покрај средбата со тренерот на Рома, Жозе Мурињо, УФЦ легендата Конор Мекгрегор ја искористи посетата на Рим да го крсти својот син Рајан во Ватикан, а на улиците на „вечниот град“ беше опседнат со фанови.

Иако во последниот меч во УФЦ кафезот, тој загуби од лутиот ривал Дастин Поаире на УФЦ 264, тој останува мегаѕвезда што го покажа со фрлањето на безбол топчето на меч на Чикаго Кабс, со посетата на Мајами, и сега со посетаа на италијанската престолнина.

Заедно со неговата долгогодишна партнерка Ди Девлин и нивните деца Конор Јуиор, Ријан и Кроја, како и неговата мајка Маргарет и сестрите Ерин и Оифи, тој беше во Ватикан, најсветото место за католиците за да го крштева Рајан.

Покрај тоа, тој предизвика и мал хаос во хотелот „Де ла виле“ во Рим, каде што резервираше цела тераса за неговата вечера, а италијанските фанови го сопираа на улиците.

Scroll to Top