Top Sport

Конор МекГрегор гради домови за сиромашни семејства во Даблин (фото)

Ирскиот ММА борец, Конор МекГрегор одлучил да изгради зграда во која свој дом ќе добијат 8 сиромашни семејства во околината на Даблин.

Познатиот борец сака да покаже од каде дошол, дека потекнува од работничко семејство и дека со борбите го стекна сето богатство кое сега го има. Тој во минатото работел како водоинсталатер.

„Завршуваме 8 домови. Се работи за трособни куќи наменети за семејства кои моментно се наоѓаат во хотели во околината на градот, семејства кои немаат сопствен дом. Исполнет сум со гордост додека одам по градилиштето, ги запознавам соседите на кои наскоро ќе им се придружат нови семејства кои ќе создаваат сопствени спомени, ќе градат свој живот. Ирска засекогаш! Ирска пред се“ – напиша ММА борецот на Инстаграм.

Scroll to Top