Top Sport

Ибрахимовиќ не доби црвен, а казнет е – се „бореше“ со голманот на Њујорк (видео)

Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ (37) повторно е во центарот на вниманието во американската МЛС лига. Тој нема да може да игра на следните два натпревари за својот тим поради агресивното однесување кон голманот на Њујорк Сити, Шон Џонсон.

Во финишот на мечот на ЛА Галакси и Њујорк, по еден дуел со противничкиот голман, Ибрахимовиќ му се втурна в лице, по што двајцата во „грчко-римски“ стил паднаа на тревата.

Страстите брзо се смирија, двајцата заработија жолт картон.

Сепак МЛС лигата одлучила дека Швеѓанецот се однесувал агресивно, па е казнет со неиграње на дуелите против Колорадо и Орландо.

Ибрахимовиќ моментно е втор стрелец со 9 постигнати гола.

Scroll to Top