ММА борецот Конор Мекгрегор се појави на Инстаграм во непрепознатливо издание. Ирецот за Ноќта на вештерките одлучи да се облече во пилотски костум, а може да се забележи дека ја избричил брадата што е еден од неговите заштитни знаци.
„Небото е граница. Летајте со мене“, напиша Конор на својот Инстаграм.
Тој истакна дека се преправил во Френк Абингејл, измамникот кој беше тема на филмот „Фати ме ако можеш“.
View this post on Instagram