Поранешниот УФЦ шампион, Конор Мекгрегор преку социјалните мрежи ја потврди својата свршувачка со долгогодишната партнерка Ди Девлин, два месеци откако повторно објави дека се пензионира.
32-годишниот Мекгрегор на Инстаграм објави фотографија со Ди со порака: „Каков роденден, моја идна сопруго“, а Девлин го покажа својот голем свршенички прстен.
Мекгрегор и Девлин се заедно од 2008 година, кога Мекгрегор ја почнуваше својата УФЦ кариера и таа набргу ја напушти својата работа и стана одговорна за неговите финансии. Двојката има две деца заедно, тригодишниот Конор Јуниор и едногодишната ќеркичка Кроја. Мекгрегор „тежи“ околу 100 милиони евра.