Обвинението за напад во Њујорк очигледно не влијае многу на Конор Мекгрегор, откако ирската ММА ѕвезда реши да се почести со луксузна куќа во Марбелја, Шпанија, за која плати околу 1.5 милиони евра.
УФЦ ѕвездата моментално е на слобода со кауција и треба да се појави на суд во Њујорк на 14 јуни поради нападот на автобусот кој ги возеше УФЦ борачите, меѓу кои и неговиот ривал во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов за време на УФЦ 223 во Њујорк. Видео-снимките го покажуваат Мекгрегор како крева една ограда и ја фрла на автобусот.
Викендичката во Марбелја треба да му ги смири нервите на Ирецот, а во склоп на неа има користење на вежбална, домашна бања и голем базен, до кој може да дојде преку својата спална соба. Покрај тоа, во објектот има и луксузно домашно кино, како и вински подрум.
Во „Ла ресина“ кантри-клубот свои викендички веќе имаат поранешниот фудбалер Томас Соренсен и поранешниот САД опен шампион во голф, Мајкл Кемпбел.