Конор Мекгрегор вели дека почна со обновено градење на повеќе начини, откако по нокаутот од Дастин Поаире сподели видео на кое заедно со својот син (Конор Јуниор) користи мини-багер на плажа.
Поразот од Поаире беше прв со нокаут во неговата ММА кариера, по што беше предмет на безброј исмејувања на социјалните мрежи, но 32-годишниот Ирец вети дека ќе се врати уште посилен најавувајќи трилогија со Американецот, но и дуел со Нејт Дијаз (исто така трет).
„Назад на градилиште, се случува на најдобрите од нас. Ќе изградиме повторно. Даблин мини-копачи“, напиша Мекгрегор.
И покрај милионите кои ги заработи во кариерата, Мекгрегор никогаш не заборави дека пред да ја почне ММА кариерата работеше како чирак на водоводџија.