Конор Мекгрегор имал забавен викенд со боксерската легенда Мајк Тајсон, во која двајцата уживале во „домашната“ марихуана на „Челичниот“, која се продава под името „КО Куш“.
30-годишниот Мекгрегор ја поминал саботата во Даблин со Тајсон, кој од неодамна има компанија за производство на марихуана и ранч од 160 илјади квадратни метри, каде што ја произведува „тревата“ која сега е легална во Калифорнија.
„Бев да го видам Мајк Тајсон во ’Хеликс’ во Даблин. Љубов и почит кон Мајк Тајсон. Тука ја освоив мојата прва и втора светска титула. Марихуаната ’Ко Куш’ е навистина добра и беше чест да се проба“, напиша Мекгрегор.