Конор Мекгрегор очигледно веќе заборави на поразот од Хабиб Нурмагомедов откако имаше забавна вечер на концерт на Дрејк во Лос Анџелес, по што се пофали на Инстаграм на своите 29 милиони следбеници.
Тој објави видео во бекстејџот со раперите Мигос, со шише од своето ново виски „Пропер твелв“, а исто така го провери својот нов автомобил само една недела по болниот пораз од Хабиб и хаосот кој следуваше потоа.
На крајот следуваше проверката на новото Ферари, така што фановите на Ирецот кои се загрижија за него по фотографијата со модринката на лицето и најавите за суспензија можат да бидат мирни – Конор добро си поминува.
View this post on Instagram
Aubrey and the three Migos! What a show! @champagnepapi @migos @properwhiskey