Конор Мекгрегор му порача на Мајкл Чендлер дека е „подготвен“ за УФЦ пресметка многу бргу, откако Чендлер доживеа пораз од Џастин Гетџи во фантастичниот меч на УФЦ 268 во саботата навечер.
Мекгрегор е во аут од јули, кога ја скрши ногата во меч со лутиот ривал Дастин Поаире, но се очекува во 2022 да се врати во октагонот, и Чендлер е еден од тие кои сакаат ваков дуел, откако објави фотошопирана фотографија на социјалните мрежи со порака „2022“.
„Ноториус“ му одговори ведаш: „Јас сум подготвен, сигурно! Голем меч пред некој ден, Мајк, честитки“.
Во невообичаено културна преписка Чендлер му одговори: „Ти благодарам, господину. Ќе биде задоволство. Ќе се видиме наскоро“.
Мечот Чендлер-Гетџи воодушеви многу УФЦ фанови, откако двајцата влегоа во вистинска војна, со значителни удари на двете страни. Гетџи беше победник по три рунди во „Медисон сквер гарден“, а двајцата фајтери завршија во болница, од каде што се јавија со заедничко селфи.
2022 pic.twitter.com/Da0D3zhOEr
— Michael Chandler (@MikeChandlerMMA) November 8, 2021
I’m down at some stage for sure. Great fight the other night Mike, congrats!
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) November 8, 2021
Justin Gaethje posted a photo of him and Michael Chandler from the hospital after their war at #UFC268
(via @Justin_Gaethje) pic.twitter.com/TC5etzSByR
— ESPN MMA (@espnmma) November 7, 2021
Усман го „скрши“ Ковингтон и се доближи до страшен УФЦ рекорд