Top Sport

Конор се враќа со спектакуларен боксеркси меч против Мани Пакјао!

Пензионирањето на Конор Мекгрегор не траеше долго, откако Ирецот вечерва објави бомбастично враќање во боксерскиот ринг против филипинската легенда Мани Пакајо.

„Ноториус“ веќе имаше една богата посета на боксерскиот ринг, откако во август 2017 година влезе во рингот со Флојд Мејведер Јуниор во еден од најбогатите мечеви во историјата на спортот, а сега преку неговата омилена „алатка“ Твитер објави дека се враќа со голем меч.

Откако прво сподели приватни Инстаграм пораки со претседателот на УФЦ, Дејна Вајт во кои разговараат за следните мечеви во февруари 2020, потоа тој потврди меч со Пакјао, боксерот кој освојуваше титули во осум различни тежински категории на Блискиот Исток.

„Ќе биде чест да се борам со двајцата најдобри боксери на својата ера, двајцата исплашени од меч“, напиша 32-годишниот Мекгрегор.

Претходно, во петокот тој објави снимка на која тренира во боксерски ринг зголемувајќи ги шпекулациите за боксерски меч.

Scroll to Top