УФЦ мегаѕвездата Конор Мекгрегор можеби има прекар „Ноториус“, но сепак, покажа дека има голем срце, откако по донацијата од милион евра за медицинските лица во својата родна Ирска, денеска донираше заштитна опрема на детската болница „Крамлин“ во Даблин.
Претходно, сумата од милион евра која ја донираше по барање на ирскиот министер за финансии, беше искористена да се купат 50.000 заштитни маски за здравствените работници во Ирска.
„Каде би биле без овие храбри мажи и жени, навистина не знам. Господ да ги благослови и да ги чува безбедни“, напиша Мекгрегор.