Top Sport

Конор: Усман ме копира, треба да го „здробам“

Конор Мекгрегор отвори нова вербална војна со УФЦ ривал, обвинувајќи го Камару Усман дека ги копира неговите удари по победата над Хорхе Масвидал на УФЦ 261, и ветувајќи дека ќе го „стигне“ за да го „здроби“.

Усман го победи Масвидал на поени на УФЦ 251 во Абу Даби минатиот јули, пред вчера да го нокаутира со фантастичен удар во вториот меч. Иако доби огромен број на пофалби за фантастичната победа, Мекгрегор не беше импресиониран.

„Усман дури ги копира моите удари во моментов. Дали ќе се борам со овој човек еден ден? Сигурно! Не може да ги копира моите зборови и моите удари и да не добие по муцка. Ми се допаѓа 170 (велтер категорија). Наскоро сум таму“, напиша Мекгрегор.

Тој потоа додаде видео од мечот со Дастин Поаире на УФЦ 257 за да најави дека може да стане шампион во велтер категорија, велејќи дека ќе го помине остатокот на годината во лесна категорија.

„Јас сум блок на 170, момци! Дадете ми до крајот на годината на 155, потоа ќе одам нагоре. По тој во зелените гаќички Усман“, додаде Мекгрегор.

УФЦ: Усман го „демолираше“ Масвидал со брутален нокаут пред полна арена!

 

Scroll to Top