Top Sport

УФЦ: Усман го „демолираше“ Масвидал со брутален нокаут пред полна арена!

Камару Усман со стил ја заддржа УФЦ титулата во велтер категорија, нокаутирајќи го Хорхе Масвидал пред полни трибини на УФЦ 261 во Џексонвил, Флорида.

Усман го „закачи“ ривалот со спектакуларна десница на почетокот на втората рунда, праќајќи го на подот, по што продолжи со серија удари, кои да бидеме искрени, беа апсолутно непотребни, замолчувајќи ја публиката која беше на страна на локалниот фаворит Масвидал.

„Кажавте дека сакате насилство! Нема непочитување, благодарам човеку. Сега, небото е граница за мене. Јас сум најдобриот фајтер на светот“, изјави Усман по мечот.

Ова беше втор меч помеѓу двајцата, откако минатиот јули, Усман победи по тешки пет рунди. Овојпат, „Нигерискиот кошмар“ немаше толку тешка задача продолжувајќи ја низата на 14 победи без пораз во УФЦ.

Масвидал, пак, откако се созеде, призна дека поразот е оправдан.

„Првпат во кариерата ме нокаутираат и искрено, боли. Секоја чест за него, ме најде, победи фер. Но, се работеше за каснување од комарец, сега сум добар“, изјави Масвидал.

Scroll to Top