Top Sport

Конор успеа да се „закачи“ и со Тајсон Фјури

УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор, колку што е познат за своите вештини во кафезот и успешниот бизнис со вискито, толку е познат и по своите „препирки“ на социјалните мрежи со своите ривали.

Овојпат мета беше ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури, откако боксерот се „дрзна“ неодамна да го пофали Хабиб Нурмагомедов за одлуката да си замине од спортот додека е на врвот, нешто што и самиот Фјури сака да го направи.

Размената на Твитер започна кога Мекгрегор реагираше на видеото каде што таткото на Били Џо Саундерс беше нападнат од обезбедувањето на мечот на неговиот син, каде што беше присутен и Фјури.

„Се исплаши со таткото на Били Џо, што воопшто правеше таму? Го остави, ти Версаче идиот, не направи ништо“, напиша Мекгрегор на Твитер.

Фјури му одговори експресно: „Врати се кога ќе победиш во еден меч, а разликата меѓу тебе и мене е што јас не влегувам во проблеми и луѓето ме сакаат, а ти си само силеџија кој удира стари луѓе“, напиша Фјури.

Мекгрегор врати: „Ох, не луѓето не ме сакаат, што ќе правам, хахахаха, идиот. Ти и само лижач, брате. Стоеше таму додека таткото на твојот пријател го напаѓаа“.

Сепак, на крајот двајцата ги избришаа пораките.

„Добро е, ќе го заборавиме. Ферплеј Тајсон. Господ да те благослови другару“, напиша на крај Мекгрегор.

Scroll to Top