Тениската легенда, Џими Конорс не верува дека Карлос Алкараз ќе може да ги стигне Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер по бројот на гренд слем титули, но додава дека доколку не стане „мрзелив“ може да стигне до 15 гренд слема.
20-годишниот Алкараз го победи Новак Ѓоковиќ во пет сета во финалето на Вимблдон за негова втора гренд слем титула по трофејот од САД опен во 2022 година. Конорс вели дека доколку Алкараз игра до својата 33. година пред него има 48 гренд слем турнири.
„Да кажеме дека ќе игра уште 12 години, тоа се 48 гренд слема, во кои, ако не стане арогантен може да стигне до 15 титули. Но, тоа би било само ако не се опушти и ако работи напорно сите тие години. Ја има страста, насмевката, возбудата, но треба да ја има во текот на цела деценија, што не е лесно“, вели Конорс, кој во својата кариера освои осум гредн слема.