Top Sport

Контроверзниот тениски тренер ја прекина соработката со Младенович

Француската тенисерка Кристина Младенович признава дека е разочарана од одлуката на нејзиниот тренер Саша Бајин да престане со соработката, откако истиот германски тренер со српско потекло на сличен начин ја прекина соработката со поранешната светска тенисерка број 1, Наоми Осака.

„Навистина сум разочарана што Саша одлучи да не соработуваме заедно следната сезона. Уживав во работата, имавме некои одлични победи и верував дека играта ми станува подобра. Имаше уште многу да се постигне заедно, но не можам да го сменам неговото мислење. Од лична страна, задоволна сум од постигнатото и верувам дека во 2020 ќе бидам подобра“, вели Младенович.

Светската тенисерка број 1 Осака го шутна тренерот Бајин

Scroll to Top