Top Sport

Корејски шок за Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ го заврши својот настап на првиот Гренд слем турнир во сезоната. Шеткратниот освојувач на Австралија опен, во осмина-финалето со максимални 0:3 (6:7, 5:7, 6:7) загуби од Хјеонг Чунг.

Најмладиот од сите играчи кои изборија пласман во осмина-финалето, одигра брилијантен меч и само ги потврди прогнозите на стручњаците дека има потенцијал во иднина да биде меѓу најдобрите пет во светот.

Од друга страна Ѓоковиќ, кој по шестмесечна пауза го одигра првиот турнир, покажа дека му престои макотрпна работа за да се врати во самиот врв.

Чунг, најголемата своја победа во досегашната кариера, ја изгради врз катастрофалната игра на српскиот тенисер, кој имаше девет двојни сервис грешки и и дури 50 неизнудени.

Само на моменти Ѓоковиќ потсети на своите добри денови и тоа во првиот и вториот сет кога без проблем ја стигнуваше негативата од 1:4.

Чунг за пласман во полу-финалето ќе игра против втората сензација Американецот Тенис Сандгрен кој по голема борба во пет сета го победи петтиот фаворит Доминик Тим од Австрија.

Scroll to Top