Top Sport

Корина со писмо му се обратила на човекот што ја напишал химната за Шумахер

Михаел Шумахер, кон крајот на 2013 година, доживеа тешка несреќа додека скијал во француските Алпи и оттогаш, јавноста речиси и да нема никакви информации околу неговата здравствена состојба.

Семејството добро ги крие сите информации поврзани со седумкратниот шампион во Формула 1, а за релевантни се сметаат само информациите што ќе ги објави портпаролката на семејството Забине Кем.

Деновиве во јавноста се појавило писмото кое сопругата на Шумахер, Корина, го испратила до германскиот музичар Саша Херценбах. Писмото е упатено во знак на благодарност за химната „Роден за борба“, која Харценбах му ја посветил на Михаел Шумахер.

Во писмото таа напишала дека химната многу и помогнала на нејзиното семејство во „тешките времиња“.

„Сите знаеме дека Шумахер е голем борец. Од срце сакам да ти се заблагодарам за овој подарок кој ќе ни помогне да го минеме овој тежок период. Убаво е да се слушнат толку убави желби и зборови. Тоа многу му значи на нашето семејство“, напишала Корина.

Музичарот Херценбах химната ја напишал една година по несреќата што му се случи на Шумахер. Не е познато од кој период е писмото што Корина му го испратила на музичарот.

Scroll to Top