Top Sport

Незадоволство во Јунајтед: Жозе до кога ќе го фаворизираш Матиќ

Фудбалерите на Манчестер јунајтед, наводно го искажале своето незадоволство, бидејќи тренерот Жозе Мурињо имал голема доверба во Немања Матиќ, и покрај тоа што српскиот репрезентативец игра во лоша форма.

Играчите биле загрижени што Мурињо воопшто немал намера да го разгледа статусот што го има Матиќ во тимот. Наводно играчите биле незадоволни од она што го прикажал Матиќ во дербито против Манчестер сити, особено неговата лоша реакција, во акцијата, од која „граѓаните“ го постигнале третиот гол.

„Матиќ лошо го маркираше Гундоган, со што му дозволи на Германецот да постигне гол. Тоа не е прва грешка на Матиќ откако е на „Олд Трафорд“, но тој константно е во првиот тим“, пишува „Тајмс“.

Матиќ, во Манчестер јунајтед се пресели пред 16 месеци од Челси, а во првата сезона играл на 35 од 38 натпревари во Премиер лигата.

Според англиските медиуми, Матиќ би играл подобро доколку тренерот го ротира со останатите играчи од средниот ред. Тука се мисли на пол Погба, Маруан Фелаини, Андер Ерера и Скот Мектоминеј.

Scroll to Top