Top Sport

Коркина: Вирусот е Божја казна за постапките против Русија

Поранешната репрезентативка на Русија во гимнастика Светлана Коркина има „интересно“ и бизарно размислување за пандемијата шо е прогласена поради ширењето на вирусот КОВИД-19.

Кокркина која е двократна олимписка шампионка во гимнастика (1996 Атланта и 2000 Сиднеј) смета дека пандемијата била Бог го казнил Западот за постапките против Русија.

„Мислам дека сѐ ова се случи бидејќи Русија и нашите спортисти се лути. Не е случајно што во нашата химна се вели „Боже чувај ја нашата земја“. КОВИД-19 се појави поради лажните обвинувања и политичките потези против нашата земја, што придонесе со дисквалификација на многу наши спортисти поради допинг. Русија, одложувањето на Олимписките игри треба да го искористи за да ги одбрани своите спортисти пре Судот за спортска арбитража“, рекла Коркина.

 

 

Русија во декември доби четиригодишна забрана за учество на најголемите спортски настани, вклучувајќи ги ОИ во 2020 и Светското првенство во фудбал во 2022 година.

Само спортистите кои ќе докажат дека не учествувале во систематскиот допинг можат да се натпреваруваат и тоа под неутрално знаме.

Scroll to Top