Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ и оваа помалку чудна тениска сезона заработи сериозни пари, но сепак корона-кризата удри и по неговиот џеб.
Тој годинава од турнирите заработи 6.5 милиони американски долари, што е осетно помалку од она што го заработува во нормални околности.
Минатата година заработи двојно повеќе (13.5 милиони долари), додека во 2015 година инкасираше високи 21.6 милиони долари.
Осетно помалку пари заработи во 2017 година затоа што пола сезона беше надвор од терените заради операција на лактот.
Сепак заработката на Србинот е најдобра сезонава во споредба со сите останати во „белиот спорт“.
Втор е Тим со 6 милиони, а трет Надал со „само“ 3.8 милиони долари.
Следуваат Медведев со 3.6, односно Зверев со 3.3 милиони.