Олимписките игри во Токио би можеле да бидат одложени за една или две години поради епидемијата на коронавирусот, открил член на Организациониот одбор на Игрите, Харујуки Такахаши.
Тој рекол дека откажувањето на Олимписките игри или нивно одржување пред празни трибини би предизвикало огромни финансиски загуби. Поради тоа тој смета дека најреална опција е тие да бидат одложени на една или две години.
„Не мислам дека Игрите ќе бидат откажани. Мислам дека можат да бидат поместени во друг термин. МОК би се нашле во неволја доколку ги откажат Игрите. Само американските телевизиски права им носат огромна сума на пари“, изјавил за „Вол Стрит Џурнал“, Такахаши.
Минатата недела претседателот на Организациониот одбор на Игрите, Јоширо Мори, изјави дека Олимписките игри ќе се одржат според планот, односно дека ќе започнат на 24 јули.
Досега во Јапонија се има 587 заболени со коронавирусот, десет лица починале, а сто луѓе се излечиле.