Атлетичарката од Кенија Бригид Косгеј постави нов светски рекорд во маратон, откако патеката во Чигако ја истрчала со време од два часа, 14 минути и четири секунди.
Кенијката го сруши рекордот на легендарната Пола Редклиф поставен на маратонот во Лондон во 2003 година. Пред 16 години Британката трчала два часа, 15 минути и 25 секунди.
По исклучително студено време Косгеј успеала да постигне неверојатен резултат и да го поправи светскиот рекорд за повеќе од една минута.
Ова е уште еден успех за Кенија, откако во Виена сонародникот на Косгеј, Елијуд Кипчоге стана првиот човек што трчал маратон под два часа (еден час, 59 минути, 40 секунди).