Top Sport

„Дисквалификацијата беше единствената опција“

Сорен Фримел, главниот судија на Ју-Ес опен, ја објаснил одлуката Новак Ѓоковиќ да биде дисквалификуван од турнирот.

Фримел порачал дека дисквалификацијата била единствената опција. Одлуката ја оправдал со фактот дека Новак во налет на лутина го удрил топчето и дека во пределот на грлото ја погодил судијката.

Тој потенцирал дека во постапката на Ѓоковиќ немало намера но дека според правилата морал да го исклучи.

„Две работи се важни во овој случај, првата е акцијата, а втората е резултатот. Акцијата, иако немаше намера го предизвика резултатот. Тоа е дека топчето ја удри судијката и фактот дека таа очигледно беше повредена. Тоа се главните фактори пр носењето на одлуката во овој случај“, им изјавил Фримел на новинарите.

Фрилем стана главен судија на Ју-Ес опен минатата година и ова му е прв ваков случај во кариерата со кој имал можност да се соочи.

„Ова е единствено искуство. Казнувањето на играчите на Гренд слем турнирите е важна и многу тешка одлука. Не е важно на кој терен се случува или за кој играч станува збор, секогаш мора де се донесе вистинската одлука. Во овој случај сите што беа на теренот беа свесни какви се нивните улоги“, заклучил Фримел.

Scroll to Top