Top Sport

Крај на 20-годишниот пост – Прво олимписко финале за Македонија

Дејан Герогиевски го прекина 20 годишниот пост на Македонија на Олимписките игри. 22-годишникот од Скопје, го обезбеди сребрениот медал во таеквондо, во категоријата од над 80 килограми. Георгиевски ќе биде запишан во историјата на македонскиот спорт, тој е првиот Македонец што успеа да се пласира во едно олимписко финале.

Дејан Герогиевски со три победи и го донесе на Македонија вториот олимписки медал во историјата. Пред две децении, борачот Могамед Ибрахимов освои бронза во Сиднеј.

На патот до финалето, Георгиевски најпрвин го победи светскиот првак, Рафаел Алба Кастиљо со 11:8, потоа во второто коло со 9:4 беше поуспешен од СејдуГбане од Брегот на Слоновата коска, а за пласман во финалето убедливо со 12:6 славеше над Ин Кјо Дон од Јужна Кореја.

Ривал во финалето на Георгиевски ќе му биде најголемиот фаворит во оваа категорија, репрезентативецот на Русија, Владислав Ларин.

Финалето е на програмата од 14:45 часот.

Scroll to Top