Top Sport

Крај на една ера – Том Брејди заминува во пензија

Еден од најдобрите играчи во историјата на американскиот фудбал, Том Брејди, стави крај на кариерата. Брејди, за 22 години во НФЛ освои седум титули со две франшизи, Њу Ингалнд Петриотс и Тампа Беј Баканирс.

Том Брејди, три пати бил МВП на сезоната, пет пати во кариерата бил МВП на завршниот меч, Супербоул. Во книгата на рекорди секаде го има неговото име.

За 22 години, Брејди, во лигата одиграл 365 натпревари. Се наоѓ ан првото место според бројот на префрлени јарди во регуларниот дел од сезоната (84.520), комплетиран додавања (7.236) и додавања за тачдаун (624).

Посебна приказна се неговите настапи во плеј-офот. Има најмногу настапи од сите квотербекови (35), најмногу додавања за тачдаун (86) и најмногу префрлени јарди (13.049).

На драфтот во 2000 година, Њу Ингланд го избраа во шестата рунда, како 199.пик. Со Петриотс освои шест титули. Њу Ингланд ги напушти во 2020 година и во првата сезона со Тампа Беј го освои Супербоул.

Scroll to Top