Top Sport

Крај на сезоната за Шпановиќ

Ивана Шпановиќ една од најдобрите светски атлетичарки во дисциплината скок во далечина поради повреда ќе мора подолг период да мине на рехабилитиација. Шпановиќ објави дека ја скршила метатарзалната коска во стапалото.

„Нема да скокам во јули, се здобив со фрактура на метатарзалната коска во десното стапало“, изјавила Шпановиќ за српските медиуми.

Според првите прогнози таа ќе се рехабилитира најмалку два месеци, што значи дека сезоната за неа е веќе завршена.

Scroll to Top