Top Sport

Крај на шпанската бајка – Алкарас се предаде, Алијасим ќе игра во полу-финалето

Феликс Оже-Алијасим ќе му се спротивстави на Данил Медведев во полу-финалето на Ју-ес опен. Шпанецот Карлос Алкарас, при водство на Алијасим од 2:0 во сетови, го предаде четврт-финалниот меч поради повреда на десната нога.

Алијасин доминираше од почетокот на мечот, првиот сет го доби со 6/3, вториот во кој започнаа проблемите на Алкарас со мускулот со 6/1.

По 67 минути игра, 18-годишниот Шпанец реши да го предаде мечот.

Scroll to Top