Романката Сорана Кирстеа приреди големо изненадување во второто коло на Австралија опен. Оваа рунда без проблеми ја мина Серена Вилијамс.
Сорана Кирстеа, која пред неколку дена стана хит на социјалноте мрежи, кога се појави видеото како од судијата бара да го избрка од трибините нејзиноот тренер, забележа една од најголемите победи во кариерата.
Романката успеа да ја елиминира поранешната гренд слем шампионката, Петра Квитова. мечот кој траеше два часа, Кирстеа го доби со 6/4, 1/6, 6/1.
Серена Вилијамс, походот кон титулата во Лембурн, го продолжи со убедливиот триумф над српската тенисерка Нина Стојановиќ. Мечот кој траеше 70 минути и припадна на Серена со 6/3, 6/0.
За разлика од Серена, нејзината сестра Венус испадна од турнирот. За 63 минути Сара Ерани ја победи 40-годишната Венус Вилијамс со 6/1, 6/0.
Венус лошо играше ид почетокот на мечот, а нејзините проблеми се зголемија го при резултат 5/1 за Ерани, се здоби со повреда. Таат доби лекарска помош но не сакаше да го предаде мечот, но во вториот сет не успеа да освои ниту еден гем.