Серена Вилијамс, преку првата носителка на Австралија опен, Симона Халеп, избори пласман во четврт-финалето на турнирот. Американката за еден час и 48 минути успеа да ја победи Романката со 6/1, 4/6, 6/4.
Првиот сет беше клучен во пресметката на првата носителка Халеп и според многумина најдобрата на сите времиња Серена.

Американката ја збриша противничката во првиот сет, во кој успеа три пати да направи брејк. Романката имаше одговор во вториот сет. Откако Серена направи брејк во третиот гем, следуваше ри-брејк на Халеп, која потоа во десеттиот гем со брилијантен ритерн го заклучи сетот и израмни на 1:1.

Сетот број 3 понуди жестока борба. Серена пропушти шанса за бреј во воведниот гем, а потоа во шестиот успеа да спаси три топки за брејк. Пропуштената шанса ја исфрли од колосекот Романката, која во седмиот гем и дозволи брејк на Американката, која потоа без проблеми го заврши мечот.
Серена Вилијамс во четврт-финалето ќе игра против Каролина Плишкова, која убедливо ја победи Гарбиње Мугуруса.
