Top Sport

Скандал во Јужна Кореја: Тренерите сексуално не злоставуваа

Откако двократната олимписка шампионка во брзо лизгање, Шим Сук-хи изјави дека повеќе пати била силувана од својот тренер, со слични обвинувања се огласија уште неколку спортиски од Јужна Кореја.

Спортиските кои се занимаваат со џудо, таеквондо, борење, брзо лизгање и карлинг обвиниле дека биле сексуално злоставувани од своите тренери.

Групата која се нарекува „Солидарност за младите лизгачки“, на прес конференција објави дека најмалку пет млади лизгачки биле сексуално злоставувани од своите тренери. Поради приватноста тие не сакале да ги објават имињата.

Пратеничката во парламентот на Јужна Кореја, Сон Хје-вон, која присуствувала на прес конференцијата, рекла дека една од жертвите повеќе пати била силувана од својот тренер во времето кога како тинејџерка се школувала во Националниот спортски универзитет.

Во овој универзитет се школувале многу јужно-корејски олимпијци.

„Имаше многу злоставувања кај лизгачките, но престапниците во речиси сите случаеви минале неказнето“, рекла Сон.

Пратеничката побарала истрага против Џеон Мјенг-гју, тренер кој се смета за гуру на јужно-корејското брзо лизгање.

Scroll to Top