Белгијанката Елиз Мертенс се пласира во четврт-финалето на Ју-Ес опен откако ја победи Софија Кенин со 6/3, 6/3.
Мертенс беше надмоќна во дуелот со актуелната шампионка од Австралија опен. До победата Белгијката стигна за 74 минути со што го израмни својот најдобар резултат на Гренд слемот во Њујорк.
На патот до полу-финалето на Меретнс и стои Викторија Азаренка која игра како во своите најдобри денови. Азаренка со 5/7, 6/1, 6/4 ја победи Петра Мухова од Чешка.
Азаренка два пати (2012, 2013) играла во финалето на Ју-Ес опен. Ова е нејзино прво Гренд слем четврт-финале уште од 2016 година.