Актуелниот светски шампион Хенрик Кристоферсен остана смирен за да „грабне“ победа на велеслаломот во италијанскиот ски-центар Алта Бадија со која се искачи на првото место во генерален пласман во Светскиот куп.
25-годишниот Норвежанец, кој исто така освои сребро на Олимпијадата во дисциплината, имаше комбинирано време од 1:57.33, победувајќи го најдобриот во второто возење, Французинот Сиприен Саразен за 0.31 секунди. Словенецот Жан Крањец, исто како минатата сезона, беше на третото место.
Кристоферсен предводеше четири други Норвежани во топ 11, вклучувајќи го лидерот по првото возење, Леиф Кристијан Нестволд-Хауген, кој на крајот беше 11. по разочараувачка втора трка. Кристоферсен е лидер во генерален пласман со 343 поени, 31 повеќе од победникот на петочната супер-џи трка, Австриецот Винсент Крихмаер, додека трет е Алексис Пинтуро, кој беше само осми по минатонеделната победа на слаломот во Вал Д’Изер.
At long last the GS World Champion has got his first win of the season!@H_Kristoffersen takes the victory at @SWCAltaBadia! #fisalpine pic.twitter.com/eMM7yWavKs
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) December 22, 2019