Top Sport

Кро кап го потврди кам-бекот против Роке Мартинез

Хрватскиот борач, Мирко Филиповиќ-Кро кап ќе се врати во рингот на „РИЗИН 13“ во „Саитама арената“ во Токио на 30 септември, потврдија организаторите, а негов противник ќе биде Американецот Роке Мартинез.

Ветеранот Филиповиќ требаше да се бори со Американецот Рој Нелсон, но го повреди коленото и мораше да оди на операција, но очигледно опоравувањето оди одлично, бидејќи мечот е само за месец дена.

32-годишниот Мартинез има 13 победи и 4 порази во кариерата, а во РИЗИН настапуваше двапати, победувајќи го Џером ле Банер и Кијоши Кувабара. 120 килограми тешкиот борач е непоразен во последните девет меча.

По потврдувањето на мечот, Филиповиќ преку својот Фејсбук профил потврди дека имал тромбоза на коленото откако не ги послушал советите на лекарите, по што јавно им се заблагодари за работата која ја завршиле.

Кро кап е посериозно повреден, се откажува дуелот со Нелсон

Scroll to Top