Top Sport

Игуаин повторно може да очекува непријателски пречек во Неапол

Првиот меч на Милан во Серија А оваа сезона носи три дуели на фудбалери и менаџери против своите поранешни клубови.

Првиот меч на Милан со Фиорентина беше откажан поради катастрофата во Џенова, така што тимот на Џенаро Гатузо ќе дебитира утре на гостувањето кај Наполи, што значи уште едно незгодно враќање во јужна Италија на Гонзало Игуаин, овојпат во дрес на поинаков тим.

Игуаин помина три години на „Сан Паоло“, постигнувајќи 91 гол во 146 настапи, и го сруши рекордот за најдобар стрелец во една сезона, кога постигна 36 гола во 35 натпревари, меѓутоа, врската со навивачите на „партенопеи“ се распадна откако тој потпиша за Јувентис пред две години.

Во шест натпревари во дресот со Јуве, тој постигна пет гола против поранешниот клуб, „цементирајќи“ си ја позицијата како еден од најомразените ликови во градот. Фактот што сега ќе го носи дресот на Милан, наместо на Јувентус, нема многу да ја смени ситуацијата

Уште еден поранешен фудбалер на Наполи, Пепе Реина ќе се судри со својот поранешен клуб. Шпанскиот голман имаше 182 натпревари за наполи од 2013 до 2018 и си замина ова лето поради несогласувањата со претседателот Аурелио ди Лаурентис.

Третиот човек кој ќе се соочи со својот поранешен клуб е Карло Анчелоти. Тренерот освои по две титули од Серија А, Копа Италија и Лигата на шампионите со Милан и откако си замина од кај „росонерите“ не беше менаџер во Италија. Сега, тој почнува нова „епизода“ со Наполи, носејќи им победа против Лацио на „Олимпико“ во првото коло.

Scroll to Top