Top Sport

Кро Кап се обиде да биде голман (видео)

Новиот меч на Мирко Филиповиќ Кро Кап беше откажан од страна на јапонските промотори, но тоа очигледно не го наруши духот на хрватскиот ветеран.

На Фејсбук тој се пофали со видео со својот добар пријател и противник во рингот, Сатоши Иши и застана на голот додека Јапонецот доби три шанси да му постигне гол.

„Сатоши Иши е вистински крал на спортовите со топка. Во кошарка е послаб бидејќи само неколку пати гледал на ТВ, додека фудбалот очигледно го пропуштил. Ако има понуди, Сатоши ми кажа дека во предвид доаѓаат само Реал и Барселона, па да видиме“, напиша Филиповиќ.

Scroll to Top