Top Sport

Кро Кап се враќа, договорена борбата со Рој Нелсон

Легендарниот хрватски борец Мирко „Кро Кап“ Филиповиќ, конечно ќе дебитира во Белатор. Кро Кап, во втората најсилна ММА организација, ќе дебитира на 16.февруари наредната година, објави новинарот на ЕСПН, Ариел Хелвани.

Противник на Кро Кап ќе му биде Рој Нелсон. За потсетување Филиповиќ и Нелсон се соочија во 2011 година, во Лас Вегас, а тогаш победи Нелсон.

Реваншот требаше да се одржи во мај оваа година, во Лондон, но седум дена пред борбата Кро Кап се повреди, поради што мечот беше откажан.

Филиповиќ требаше да се врати во рингот за Нова година, во Јапонија, но борбата му пропадна, откако на манифестација реши да учествува боксерот Флојд Мејведер, поради што организаторите останаа без пари за да ги платата другите борци.

Борбата на Кро Кап и Нелсон треба да во американската сојузна држава Конектикат.

Scroll to Top