Top Sport

„Меси најдобар? Па тој е еднодимензионален играч“

Лионел Меси е еднодимензионален играч и поради тоа не може да биде најдобриот на сите времиња, рекол легендарниот Пеле.

Меси на 653 натпревари за Барселона постигнал 567 гола, додека за Аргентина на 128 натпревари постигнал 65 гола. Во кариерата освоил пет „Златни топки“, а со Барселона четири пати победил во Лигата на шампионите, а девет пати во шпанското првенство.

Сепак Бразилецот не е импресиониран од овие бројки.

„Како можете да споредувате некого кој е добар со топката, кој шутира со лева и со десна и некого кој шутира само со лева нога, кој е еднодимензионален? Како? Кога некого ќе споредувате со Пеле, тој некој мора да биде добар во сите аспекти“, изјавил Пеле.

Откако себеси се ставил пред Меси, тој рекол дека пред Аргентинецот има уште неколку играчи.

„Марадона е еден од најдобрите на сите времиња. Ако ме прашате дали бил подобар д Меси, јас ќе речам да. Многу, многу подобар“.

Scroll to Top