Мирко Филиповиќ-Кро Кап имаше импресивно враќање во рингот, останувајќи непоразен во јапонската РИЗИН серија со победа над Роке Мартинез.
44-годишниот Хрват пред пет месеци го повреди коленото, но против 12 години помладиот ривал покажа дека уште има сили за победи, за деветта победа во низа во РИЗИН.
Мартинез, кој доаѓа од Гуам, се закани прв, но Кро Кап со неколку силни удари го „скрши“ противникот и судијата реши да го прекине мечот за 50. победа во кариерата на хрватскиот ветеран.
Ah well, Mirko Cro Cop beats Roque Martinez via cut stoppage, opening the Guamanian up with the below elbow. The legend extends his late-career winning streak to nine. #RIZIN13 #RIZINFF #RIZIN2018 pic.twitter.com/VfSUvqKs1a
— Kyle Johnson (@Maldobabo) September 30, 2018