Top Sport

Супер-гол на Бабунски, но Јокохама пак загуби (видео)

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски веќе одамна е миленик на навивачите на Јокохома, но по низата слаби настапи и малку минутажа за Маринос, тој денеска го постигна својот трет гол за клубот, и овојпат тоа беше гол за паметење.

Бабунски го постигна првиот гол на мечот против Черезо, но на крајот неговиот тим загуби со убедливи 1:4.

Бабунски имаше по еден гол во првите две кола на Јапонската лига, но потоа повеќе месеци „дремеше“ на клупата. Ова е прв негов гол од второто коло во март.

Scroll to Top