Европската ракометна федерација (ЕХФ) уште не „заврши“ со Веселин Вујовиќ. Словенечкиот селектор по сите настани на Европското првенство во Хрватска, сега доби казна од 5.000 евра за интервју за „Марка“.

Во тоа интервју при крајот на март, Вујовиќ влезе во остри критики кон судиите, обвинувајќи ги дека алкохолизирани судат на натпреварите, додавајќи дека тие ќе го „украдат“ еднаш, а потоа ќе му „вратат“ за да го остават мирен.

„ Понекогаш кога ќе направат грешка, а јас ќе скокнам, почувствувам мирис на алкохол. Сакав неколку пати тоа да се забележи во записникот, но ми велеа да не пријавувам. Зошто? Бидејќи клубот ќе биде казнет, а не судиите. Денешните судии живеат од ракометот и ги гледаат своите интереси“, изјави тогаш тренерот на Копер.

Според ЕХФ со ова интервју Вујовиќ ја загрозил „честа, достоинството и интегритетот“ на ракометните судии.

Фото: ЕПА

Вујовиќ во „елемент“: Судиите смрдат на алкохол!