Канаѓанецот Џејмс Крафорд забележа сензационална победа во супер-џи на Светското првенство во алпско скијање во Куршевел, Франција.
Крафорд до најголемиот успех во кариерата дојде благодарение на спектакуларното возење во долниот дел од патеката кога успеа да ја надополни разликата од тогашниот лидер, Норвежанецот Килда Омот. Во целта Крафорд беше побрз од Килде за само една стотинка.
Ова е прва победа на Канаѓанецот во кариерата. Досега имаше само три подиуми во Светскиот куп.
Килдае мораше да се задоволи со среброто, додека бронзата му припадна на домашниот натпреварувач, Алекси Пантуро, кој имаше послабо време за 26 стотинки. Ова е втор медал за Французинот на СП, откако пред два дена во комбинација го освои златниот медал. .
Светското првенство продолжува со спуст трката во женска конкуренција, во сабота од 11 часот.